До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Осум официјални натпревари и истотолку победи. Пеп Гвардиола е на најдобар пат да влезе во легендите на Манчестер Сити, иако е прерано да се донесуваат заклучоци.
Граѓаните се апсолутно непрепознатливи, газат се пред себе, исклучително ефикасни, а одбраната е на висината на задачата иако играат без Компани.
Навивачите се воодушевени од иновацијата која ја донесе Шпанецот, и се надеваат дека конечно нешто можат да направат и во Лигата на шампионите.
И покрај се, Пеп не е задоволен. Сепак, треба да се има на ум дека поранешниот стратег на Барселона и Баерн всушност никогаш не е апсолутно задоволен.
Англиските медиуми откриваат дека внесе некои револуционерни промени. Прво го исфрли од менито брзата исхрана, потоа на играчите им стави јасно до знаење кој е газда во соблекувалната, го избрка Џо Харт во Торино, а тој буквално работи од утро до мрак.
Имено, неговиот работен ден трае и повеќе од 12 часа, а после секој меч тргнува за подготовки за следниот и така секогаш.
„Работата е во тоа што во Премиер лигата нема едноставен натпревар и лесен противник. Сите ти се закани и сите се опасности. Никој не може да ти гарантира дека ќе победиш, се е на тебе. И затоа ја сакам оваа работа“, заклучи Гвардиола.















