На Карамелите ни судија не им може ништо :Евертон е најголема закана за Сити


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Евертон игра како препороден во оваа сезона и моментално е најголема закана за Манчестер Сити.

    Мидлзборо вечерва поведе на Гудисон, но Карамелите до полувреме направија пресврт со три подоцоци.

    Голот за госите падна од сомнителна позиција. Негредо и Стекеленбург беа во скок во петерецот, домашните навивачи очекуваа тоа да биде фаул на Шпанецот, топката заврши во мрежата, автоголот е препишан на холандскиот голман.

    Но, тоа како само да ги налути домаќините. Прво ветеранот Герет Бери го совлада Виктор Валдес, а Ирецот Колман се прошета низ одбраната на гостите  и донесе предност во 42 минута. Конечните 3:1 ги постави одличниот Лукаку во финишот на првиот дел.

    Ова беше четврта победа во пет мечеви за тимот од Ливерпул, кој има 13 бодови, односно само два помалку од водечкиот Сити.