До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Одиграни се уште два натпреваери од четвртото коло од Примерас, а во нив Еибар и Севиља одиграа 1:1, додека Лас Палмас со минимални 1:0 славеше против Малага.
Севиља на гостувањето кај Еибар го започна натпреварот со 11 странци, а до водство стигнаа со голот на Вието во 27 минута. Кога домаќините во 45 мионута останаа со играч помалку после исклучувањето на Родригез се чинеше дека на гостите е отворен патот до победа.
Но, иако со десетмина Леон во 64 минута постигна гол за 1:1.
До крајот на натпреварот доби уште еден црвен картон, а во 86 минута порано под туш мораше Гарсија. Но ни со двајца играчи повеќе не помогна на Севиља која така во првенството остана без победа на 21 по ред гостување.
Лас Палмас со голот на Момо од пенал во 10 минута ја доби Малага. Со оваа победа стигнаа до девет бода, колку што имаат и водечките Барселона и Реал (мадридскиот состав има и меч повеќе).















