До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Фудбалерите на Арсенал славеа во петто коло од Премиер лигата на гостувањето кај Хал со резултат 1:4.
Еден од најдобрите поединци на теренот, беше Алексис Санчез кој постигна два погодоци во денешниот меч.
Своето задоволство од постигнатиот скор, не ги криеше напаѓачот на Топџиите.
„Гледајте ме, се вратив“, напиша под сликата на својот Фејсбук профил Санчез.
Во наредното коло, Арсенал на својот терен ќе ја угости екипата на Челси што воедно ќе биде и дерби на истото коло.















