Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација избори пласман на Европското првенство (ЕП) за првпат во нашата историја. Горан Пандев со неговиот гол во Тбилиси против Грузија ни го донесе најголемиот успех.
Европската куќа на фудбалот (УЕФА) ги презентираше сите учесници на ЕП, а имаше и доста интересни зборови за нашиот селектор и репрезентативци.
За Игор Ангеловски пишуваше дека претходно го предводел Работнички, додека за главен фудбалер на Македонија се смета Горан Пандев. Меѓутоа, противниците ќе треба да внимаваат и на Елиф Елмас. Македонија го игра првиот меч на ЕП против Австрија на 13 јуни, а во истата група се уште и Украина и Холандија.