Меси никогаш нема да го заборави денешниот ден


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Лионел Меси е еден од најдобрите фудбалери на денешницата, ако не и најдобар.

    Од мало дете, што секој го исменуваше и зборуваша дека не знае да игра фудбал, дека е премал за тоа, дека нема талент, Меси изразна во човек кој денеска со неговите 29 години противниците се поклонуваат.

    Меѓутоа, до ѕвезда, Аргентинецот не дојде преку ноќ. Тој денеска слави. А повод за славје е неговото приклучување на еден од најголемите клубови некогаш, кој има историја вредна за восхит, Барселона.

    Пред точно 16 години, овој фудбалски магионичар тргна на пат без враќање. Се одлучи да биде некој и нешто, или да се повлече од се и да се бори за егзистенција.

    На Ноу Камп стигна во 2000 година, и беше на пробен рок година дена, кога стручнаците во Барселона се одлучија да го остават во клубот и да го лиценцираат.

    Регистриран е во 2001 година. Се одлучи да биде упорен и да верува во себе, се одлучи да биде дел од Барселона која уште од мали нозе му ја плаќаше терапијата за хормонот за раст, која му даде се, а кој се оддолжи со трофеи и добра игра. Денеска целиот Ноу Камп му се восхитува.