Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Ерменија синоќа славеше против Грузија со 2-1 во претпоследното коло од Лигата на нации, па така ќе се бори со Македонија во директен дуел за првото место во групата од Ц-дивизијата.
Ерменија има квалитетни фудбалери и тоа неколку пати го докажа, а селекторот Жоакин Капарос најави дека ќе одат на победа против Македонија.
Македонија може да го освои првото место и доколку освои само бод, што е многу добро за нас, додека на Ерменците не им останува ништо друго, освен со сите сили да тргнат кон голот на Македонија.
„Чекаме тежок натпревар. Оваа група е израмнета, а пред нас е квалитетна репрезентација. Ние ќе се обидеме да го дадеме максимумот и сакаме да победиме, а со тоа да го освоиме првото место“, кажа Капарос.