Може ли Рамос да ги одбие милионите од Париз?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанскиот репрезентативец и еден од најдобрите дефанзивци во моментов, Серхио Рамос е голема желба на ПСЖ, кој сака да го украде од Реал Мадрид.

Не е тајна дека ПСЖ го посакува Рамос, а се појави и шпекулација колку е подготвен дефанзивецот да прифати понуда од Париз.

Шпанските медиуми објавија дека францускиот шампион му подготвил двегодишен договор на Рамос, според кој дефанзивецот ќе заработува 20 милиони евра.

Меѓутоа, ПСЖ е подготвен и да му плати бонус на Рамос за потпишување на договор, а официјалната понуда ќе му ја испрати на 1 јануари 2021 година за да не ги прекрши правилата.

Треба да се спомене и дека Рамос преговара уште со Реал Мадрид за нов договор, но засега нема напредок во преговорите меѓу двете страни.