Две големи тренерски имиња се потенцијални кандидати за нов селектор на Германија

Јоаким Лев ќе остане селектор на Германија до Европското првенство следната година. тоа го соопшти директорот на националниот тим Оливер Бироф по тешкиот пораз од Шпанија со 0-6.

„Билд“ објави информации за потенцијален наследник на селекторското место. Тие објавија две имиња, а меѓу нив се Ханси Флик и Јирген Клоп.

Флик, наводно, е поблиску до преземање на репрезентацијата. Тој од 2006 до 2014 година имаше улога на помошник во националниот тим и поради тоа се шпекулира дека би бил подобар избор.

Од друга страна, Клоп не е реална опција. Тој има договор со Ливерпул на уште четири години и никој не очекува дека би можел следното лето да го напушти тимот од „Енфилд“.