Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Македонската фудбалска репрезентација загуби против Ерменија со 0-1 во последното коло од групата фаза во Лига на нации, што значи дека ќе останеме во Лига Ц.
Еден гол го реши натпреварот, и тоа на Хамбарџумијан во 55. минута, кој искористи едно невнимание на одбраната и го матираше Шишковски, кој во текот на целиот натпревар бранеше неверојатно.
Македонија имаше сериозни шанси кон голот на Ерменија, но едноставно не успеа да искористи ниту една од нив и на крајот мораше да се соочи со фактот дека ќе остане во Лига Ц.