„Новиот договор на Гвардиола со Сити значи едно – Меси доаѓа во Манчестер!“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер сити вчера му го продолжи договорот на Пеп Гвардиола и тој ќе остане во клубот до 2023 година.

Оваа информација ги изненади сите затоа што немаше шпекулации дека двете страни преговараат за нова соработка, но ова отвора нови шпекулации, а тоа е за нови засилувања на тимот.

Англиски новинар смета дека новиот договор на Гвардиола значи само едно, а тоа е дека Лионел Меси наскоро ќе се пресели во Манчестер.

„Заклучок за мене од веста дека Пеп потпишал нов договор е дека Меси ќе се пресели во Сити. Сигурен сум во тоа. Можеби во јануари, но најверојатно тоа ќе се случи на лето. Не се сомневам дека тоа е најголем мотив за Гвардиола да остане во Манчестер уште две години“, вели новинарот.