Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Лос Анџелес лејкерс се засили со двајца кошаркари за следната сезона, а во екипата на актуелниот шампион пристигнаа Монтрезл Харел, кој претходно настапуваше за Лос Анџелес Клиперс, додека Весли Метјуз доаѓа од Милвоки бакс.
Харел три сезони настапуваше во Клиперс, додека претходно во кариерата играше и за Хјустон. Тој со Лејкерс потпиша двегодишен договор за 19 милиони долари.
Метјуз, од друга страна, потпиша едногодишна сорбаотка со Лејкерс, а пристигнува од екипата на Милвоки додека претходно настапуваше во неколку НБА тимови, меѓу кои Индијана, Далас, Портланд…
Најголемо засилување пред почетокот на новата сезона за Лејкерс беше Денис Шредер, кој пристигна од Оклахома, а за него мораа да ги трејдаат Дени Грин и Квинси Кук