Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Антоан Гризман се наоѓа под голем удар од страна на навивачите откако неговиот поранешен агент го критикуваше Лионел Меси дека тој е главен виновник што не му оди најдобро на Французинот во Барселона.
Гризман поради ваквите коментари се најде на жесток удар на јавноста и навивачите, па реши да се појави во една популарна емисија и таму да зборува за тоа што се случува во каталонскиот гигант.
„Изморен сум и тажен поради сите лоши вести кои ги читам за себе и екипата. Минуваме низ многу тежок период, но сигурен сум дека имаме екипа која може да направи големи работи“, вели Гризман.
Секако, главна тема е неговиот однос со Меси и Гризман, па Французинот без проблеми зборуваше за тоа. Тој откри дека нема никаков однос со поранешниот агент и тоа му го објаснил на Аргентинецот.
„Првиот ден кога дојдов во Барселона, веднаш разговарав со Меси. Ми пријде и ми кажа дека тоа е ср*ње и требало една година порано да дојдам во тимот. Ми кажа дека барал од управата да ме купат и дека бил лут и разочаран зашто на крајот не успеал во намерата“, вели Гризман.