Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан кажа дека цел фудбалски свет го обожава Диего Марадона. Прославениот Аргентинец почина вчера на 60 години од срцев удар.
Поради тоа сите натпревари од Лигата на шампиони почнаа со минута молк во чест на фудбалскиот бог.
По победата против Интер од 2-0, новинарите го прашаа тренерот Зидан да ја коментира тажната вест за Марадона.
„Сите сме тажни поради него и неговото семејство. Цел свет го обожава Марадона. Јас пораснав додека го гледав него, имав 14 години кога блесна на Светското првенство во 1986 година, тоа што го правеше на теренот беше неповторливо“, кажа Зидан.
Zidane avait Maradona gravé dans la tête « pour ce qu’il avait fait en 1986 » #foot #football https://t.co/6YmWZaW6VV
— Sport.fr – Foot (@Sport_fr_foot) November 26, 2020