Елмас и другарите се појавија во дресови на кои пишуваше – Марадона?


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и останатите фудбалери на Наполи излегоа на терен против Риека во Лига на Европа во дресови со бројот 10 и името на легендарниот Диего Армандо Марадона, кој почина вчера.

Елмас го носеше дресот со број 10 и името Марадона, откако се најде во почетниот состав на Наполи за вечерашниот дуел против Риека.

Од спротивната страна на теренот игра Дарко Велковски.