„Икарди заслужува повик“


    До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓


    Евер Банега смета дека Мауро Икарди заслужува да игра за аргентинската репрезентација.

    Икарди синоќа постигна гол и асистираше за Интер во победата над Јувентус, па Банега со причина тврди дека треба да игра за националниот тим.

    „Очигледно е дека Мауро заслужува повик за Аргентина. Тој само треба да се опушти и да продолжи да игра како досега. Сите мораме да продолжиме вака да работиме“, рече Банега.

    „Ќе видиме за неколку месеци каде семе. Беше тешко да се игра против Јувентус, но дадовме се од себе и заслужено победивме“, додаде Аргентинецот.