Реал Мадрид може да жали за парите: Осма повреда на Азар!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Реал Мадрид долго време се бореше за потписот на Еден Азар и плати за неговите услуги над 100 милиони евра, но белгискиот репрезентативец никогаш не ги оправда очекувањата на шампионот и навивачите.

Азар постојано се повредува откако пристигна во Мадрид и никако не успеа да ја врати својата форма. Тој синоќа ја заработи осмата повреда во последните 16 месеци во Мадрид.

Белгиецот одигра само 25% од можните минути сезонава, додека лани имаше минутажа од 33,6% што е ептен малку за фудбалер кој е платен многу пари.

Азар никако не успеа да се врати во форма, а тоа го покажува и статистиката, според која Белгиецот никогаш не играл на четири меча по ред за шпанскиот гигант.