Елмас и соиграчите ќе играат во посебни дресови посветени на Марадона!?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Тагата не се намалува по Диего Армандо Марадона, кој почина во средата од срцев удар во неговиот дом, а денеска екипата на Наполи ќе игра во специјални дресови посветени на Аргентинецот.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас и неговите соиграчи ќе се појават во специјални дресови на натпреварот против Рома, а дресот се очекува да биде сличен на аргентинскиот, додека клупскиот грб ќе биде во црна боја.

Интересно е тоа што спонзорот на Наполи го дизајнираше овој дред пред една година, но досега никогаш не беше употребен.