Ковид-19 ја нападна Барселона!


Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст ↓↓↓


Барселона денес соопшти дека во тимот имаат играч кој е заразен со коронавирусот.

Барселона до сега немаше случај на заразен со Ковид 19, освен Пјаниќ, кој беше позитивен уште пред да ги започне подготовките.

Каталонскиот клуб сега соопшти дека Сержи Роберто е позитивен на Ковид 19 и дека се наоѓа во изолација.

Роберто се рехабилитира од повредата и веќе 10 дена немал контакт со своите соиграчи, што е добра вест за клубот.