Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Фудбалерите на Реал Мадрид во вторникот беа поразени на гости од Шахтјор Доњецк поради што не е сигурно дека ќе се пласираат во нокаут-фазата на Лигата на шампиони.
„Кралевите“ сезонава играат многу полошо, отколку што се навикнати навивачите, па во претходните денови се појавија и шпекулации дека Зинедин Зидан би можел да добие отказ.
Јасно е дека ситуацијата во екипата не е најдобра, а „Марка“ објави дека капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос огранизирал итен состанок со фудбалерите за да ги мотивира пред последниот меч во Лигата на шампиони.
„На еден триумф сме од пласман во нокаут-фаза, зависиме самите од себе и мораме да дадеме максимум на теренот. Ова е Реал Мадрид и заедно сме поминале и низ полошо“, кажал Рамос на состанокот.
Зидан не бил присутен на состанокот, но веднаш бил известен за деталите на истиот.