Статистика која загрижува: Што ќе прави Реал Мадрид кога ќе се повлече Рамос?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Серхио Рамос има 35 години, но и покрај тоа е лидер во тимот на Реал Мадрид, па шпанскиот шампион едноставно не игра добро кога него го нема во составот.

Реал Мадрид загуби осум од десет натпревари во Лигата на шампиони во кои не настапил Рамос, но за среќа тој одигра 126 натпревари, па ретко отсуствуваше.

Во последните две години ситуацијата е драматична, капитенот на Реал го немаше во април 2018 година во реваншот против Јувентус, кој водеше со 3-0, па доколку не беше пеналот во последни минути, тогаш тешко дека „кралевите“ ќе поминеа понатаму.

Рамос лани беше исклучен во првиот меч во поразот од Манчестер сити пред ковид-19, па во Англија имаа шанси, но двете грешки на Варан го решија прашањето за четвртфинале.

Но тоа не е ништо, кога Зидан го одмараше, Реал загуби двапати од ЦСКА, а ги победија само Интер и Бриж. Тоа значи две победи на 10 меча и сега се поставува прашањето што ќе прават „кралевите“ кога Рамос повеќе нема да го има, односно ќе си замине од клубот.