„Марка“ направи анкета: Навивачите ги открија главните виновници за резултатите на Реал Мадрид


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Читателите на познатиот шпански медиум „Марка“ издвоија неколку причини поради кои Реал Мадрид сезонава е во катастрофална форма.

Дури 38% сметаат дека виновни се нивните фудбалери, додека 28% од навивачите сметаат дека Зинедин Зидан е главната причина.

Турбуленциите како во играта, така и во резултатите покажуваат дека Реал не делува добро за да ја одбрани титулата во Шпанија, додека на европска сцена се борат да се пласираат во нокаут-фазата од Лигата на шампиони.

Исто така, дури 26% од читателите сметаат дека недостатокот на резултати е поради фактот дека немало големи засилувања во тимот.

Само шест проценти од навивачите сметаат дека проблемот се повредите, а два проценти бараат вина во тешкиот распоред на натпреварите.

Од друга страна, две третини од гласачите сметаат дека Зидан ќе го напушти тимот, ако не се пласира во нокаут-фаза, додека 57% од нив не веруваат дека Реал ќе успее во тоа.