Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Манчестер јунајтед вчера загуби на гостувањето кај Лајпциг со 2-3 и тоа значеше дека премиерлигашот ќе ги продолжи натпреварувањата во Лига на Европа, а тоа дефинитивно е разочарување за сите фанови на „ѓаволите“.
Тренерот на Јунајтед, Оле Гунар Солскјер по мечот беше разочаран и реален за ситуацијата, па призна дека неговиот тим не заслужил да игра во нокаут-фазата на Лигата на шампиони.
„Не игравме добро и не заслуживме да ја поминеме групата. Поразот во Истанбул имаше негативен ефект врз нас. Невозможно е како изгубивме таму, со Лајпциг бевме блиску до нерешено, но не можевме да направиме ништо со константните нафрлувања на противникот“, кажа Солскјер.