Кандидат за претседател на Каталонците откри: Рамос бил на чекор до Барселона, но…


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Еден од кандидатите за претседател на Барселона, Тони Фреикс откри дека Серхио Рамос бил на чекор да потпише за Барселона, иако тоа на крајот не се случило.

Ѕвездата на Реал Мадрид во 2005 година бил на праг да се пресели во Барселона, но каталонскиот гигант не ја искористил шансата, по што Шпанецот се пресели кај „кралевите“.

„Не можеме да го потпишаме Рамос. Тој е симбол на Реал Мадрид и нема да дојде овде во никој случај. Сакав да дојде овде кога беше во Севиља. Колку што знам, бил понуден на клубот. Доколку јас бев овде, ќе го потпишев“, кажа Фреикс.

Рамос во дресот на Реал одигра 661 натпревар и постигна 100 погодоци.