Харден има нов прекар: Не е повеќе „брадата“, туку е „дебелко“!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


По проблеми со вирусот, а потоа и несогласувањата со управата на Хјустон рокетс, Џејмс Харден конечно се појави на паркетот.

Во пресметката против Сан Антонио, Хјустон славеше со 112-98, но сите беа изненадени поради физичкиот изглед на Харден.

Харден очигледно не тренирал во паузата меѓу двете сезони, па така пуштил голем стомак и одигра само 20 минути против Сан Антонио и притоа постигна 12 поени.

На социјалните мрежи веднаш му го сменија прекарот, од популарниот „брада“ во новиот „дебелко“.