Рамос играше со рака, дали ВАР му помогна на Реал Мадрид? 🎥


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид славеше со 3-1 против Еибар на гостински терен, но мечот крена голема „прашина“ поради една ситуација кога топката го удри Серхио Рамос во рака.

Капитенот на „кралевите“ играше со рака, но судиите од ВАР-собата сметаа дека тоа не е доволно за пенал. По мечот се јави и тренерот на Еибар, Хозе Луис Мендилибар и кажа дека Шпанецот играл со рака.

„Јас навистина веќе не знам што е пенал, а што не е. Неделава имаше толку играња со рака и никој не знае кога се досудува пенал. Сега беше одлучено за 20 секунди, обично потребни им се по 2-3 минути за ситуацијата да се види од секој агол. Очигледно дека беше Рамос ја удира топката со рака и самиот го призна тоа. Мислам дека и судиите не знаат кога треба да досудат пенал, ќе го имаме овој проблем цела сезона“, кажа Мендилибар.