Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ѕвездата на Хјустон рокетс, Џејмс Харден ги прекрши ковид-19 протоколите на НБА-лигата, која забранува присуство во затворени простори од 15 или повеќе луѓе, како и влез во барови и клубови.
Харден беше казнет со 50.000 американски долари поради кршење на здравствениот протокол, а информацијата ја потврди НБА-лигата.
„Харден го прекрши правилото кога во понеделникот на 21 декември присуствувал на приватна забава во затворено“, соопштија од најсилната кошаркарска лига во светот.
На видео-снимката може да се забележи дека Харден не носи маска и не држи физичко растојание, а кошаркарот призна дека бил на забава кај пријателки, но не и во стриптиз клуб како што објавија дел од американските медиуми.