Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Германскиот тренер Томас Тухел повеќе не е на кормилото на француски ПСЖ, откако доби отказ пред неколку часа, а вчера имаше контроверзна изјава.
Многумина се прашуваа дали вчерашното интервју за германските медиуми е причина за отказот, а Тухел смета дека не е.
„Не зборував за политика. Тоа е погрешно преведено. Погледнете го интервјуто. Кажав дека ПС е посебен клуб, голем предизвик и ништо не се промени. Ми кажаа дека станува збор за емисија за германските тренери, а не интервју. Се шегував на германски јазик, не е преведено добро“, кажа Тухел.
Сепак, ПСЖ веќе размислува за нов тренер, а најсериозен кандидат за кормилото на парижаните е Маурицио Покетино.