Реал ќе му го продолжи договорот на Рамос, ама бара и негов наследник!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанскиот репрезентативец Серхио Рамос веќе 15 години е столб во одбраната на Реал Мадрид, но јасно е дека шпанскиот тим мора да бара замена за него.

Рамос пристигна од Севиља во Мадрид за 27 милиони евра и стана главен во одбраната на „кралевите“, но тимот мора да бара негова замена.

И оваа сезона шпанскиот дефанзивец е еден од најдобрите играчи на „кралевите“ и иако има веќе 34 години и понатаму игра во одлична форма. Меѓутоа неговиот договор истекува на крајот на оваа сезона и се уште нема најави дека ќе биде продолжен.

Тешко е да се верува дека Реал ќе си дозволи да го изгуби Рамос, но „Марка“ утрово објави дека клубот бара долгогодишно решение за стоперската позиција.

Според нивните информации играчите кои Реал ги следи се: Пау Торес (Виљареал), Давид Алаба (Баерн) и Џулс Кунде (Севиља).