Меси пак ќе игра со Суарез во ист клуб?


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Лионел Меси уште не решил дали ќе ја продолжи соработката со Барселона или на крајот на сезоната ќе замине целосно бесплатно.

Меси минатото лето сакаше да го напушти каталонскиот клуб, но тоа не му беше дозволено. Но, на крајот на сезонава Барселона не може да го запре затоа што на Аргентинецот му завршува договорот.

Меси најчесто се поврзува со Манчестер сити и ПСЖ, но Аргентинецот кажа дека конечна одлука ќе донесе на крајот на сезоната, иако во интервју за еден медиум призна дека сака да заигра во МЛС-лигата.

Тоа ги активираше шпекулациите дека Меси и неговиот поранешен соиграч Луис Суарез би можеле повторно да играа заедно, и тоа во Интер Мајами.