Шкупи се раздели со Умит Каран: Тренерот замина во Турција


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Шкупи го освои второто место во есенскиот дел од сезоната во македонската Прва Лига, но денеска мораше да се раздели со тренерот Умит Каран, кој ја продолжи кариерата во турскиот второлигаш Менеменспор.

Каран го имаше вториот мандат во екипата од Чаир, откако потпиша договор на почеток на сезоната, но по неколку месеци реши да си замине во татковината.

„Го доведов Шкупи до втората позиција, но сега имав други понуди и ја избрав онаа на Менеспор. Се договоривме и утре ќе потпише догвоор. Верувам дека успехот од Шкупи ќе го пренесам и таму. Во овој момент тимот е на 11. позиција, очекувам да оствариме подобри резултати“, кажа Каран.