Ибраими избран во „тимот од соништата“ на Марибор во последните три децении

Бившиот македонски репрезентативец Агим Ибраими беше избран во „тимот од соништата“ во последните 30 години на Марибор.

Неговиот поранешен клуб го избра идеалниот тим во последните три децении, а поранешниот репрезентативец си го заслужи местото меѓу останатите колеги.

Ибраими освои три титули во словенечкиот шампионат со екипата на Марибор, а играше и во групната фаза од Лигата на шампиони (ЛШ).