До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
После речиси пола година пауза, „Ел Принципе“ се врати на тренинзите на првата екипа.
Клаудио Маркизио, заменик капитен на Јувентус, одма позади големиот Џиџи Буфон, одработи вчера дел од тренинг со своите останати соиграчи по прв пат после тешката повреда во април месец.
Маркизио во април месец доживеа тешка повреда на лигаментите поради што паузираше речиси пет месеци.
Тој вчера конечно тренираше со екипата, додуша, сеуште не е спремен за полн интезитет, но тренерот Масимилиано Алегри очекува да биде спремен да заигра во октомври.
Ова е секако добра вест за Јувентус, после поразот од Интер, следи мечот со Каљари, како и три гостувања – Палермо, Динамо Загреб и Емполи, а потоа доаѓа репрезентативната пауза.
Во најдобар случај, Маркизио ќе биде спремен да конкурира за составот во втората половина на октомври, поточно на 15 кога во Торино доаѓа Удинезе.















