Рамос не се договори со Реал Мадрид, ќе си замине на лето?

Серхио Рамос ќе замине од Реал Мадрид доколку во следниот период не се согласи на намалување на платата. Тој во моментов има договор од 13 милиони евра по сезона и очекува да ја задржи платата.

Но, од тоа нема ништо. Клубот не сака да попушти и мора да ја намали неговата плата, а Рамос веќе има примамливи понуди од ПСЖ и други тимови.

Шпанецот нема да игра вечерва против Селта, а без него Реал Мадрид има причина зошто секогаш да се плаши. Сепак, ако Рамос реши да замине од тимот, тогаш „кралевите“ имаат замена за него. Реал е блиску до потписот на Давид Алаба, со кого наводно договориле четиригодишна соработка со плата од 10 милиони евра по сезона плус бонуси.