Реал Мадрид не го контактирал Рамос за нов договор, се јави и неговиот брат!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Реал Мадрид уште не почнат преговори со Серхио Рамос, иако Шпанецот на крајот на сезоната ќе може да си замине целосно бесплатно, а веќе постои опција да преговара со заинтересираните клубови.

шпанските медиуми објавија дека од Мадрид никој не го контактирал Рамос и не му понудил нов договор, а наводно „кралевите“ размислуваат да го заменат со Пау Торес.

Ситуацијата во шпанскиот гигант не е најдобра, а тоа го потврди и братот и агент на Рамос.

„Некој ќе мора да објасни како и зошто дојдовме до оваа ситуација, капитенот и легендата на клубот да биде на оваа апсурдна листа играчи кои од денес можат слободно да преговараат и да се договрат со било кој клуб“, кажа братот на Рамос.