Манчестер јунајтед се ослободи од Маркос Рохо

Англискиот гигант Манчестер јунајтед се раздели со Маркос Рохо, кој кариерата ќе ја продолжи во Аргентина.

Аргентинските медиуми објавија дека Рохо се договорил со Бока јуниорс и во следните денови ќе потпише договор.

Рохо минатата година беше на позајмица во Естудијантес, но повторно се врати во Манчестер, но не е во плановите на Солскјер и затоа беше ослободен од тимот.