Рамос со порака до Перез: Прават страшен тим во кој ќе бидеме јас и Меси!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанскиот фудбалер Серхио Рамос наводно имал краток разговор со претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез и јасно му порачал дека нема да остане во тимот затоа што не е задоволен со понудата.

Рамос игра во Реал од 2005 година и во моментов е лидер на екипата, но „кралевите“ досега не му понудија договор, кој ќе ги задоволи неговите апетити.

„Некој мора да ни објасни зошто дојдовме до оваа ситуација, легенда на клубот да може да замине бесплатно на лето“, кажа братот и агент на Рамос.

Шпанците сега објавија нови детали од наводен разговор меѓу Рамос и Перез.

„Ваквата понуда нема да ја прифатам. Од ПСЖ ми кажаа дека прават страшна екипа во која можеме да бидеме јас и Меси“, наводно кажал Рамос.