Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ дефинитивно нема да игра во дербито против Јувентус во Серија А.
Ибрахимовиќ уште не се рехабилитираше по повредата, па тренерот на „росонерите“, Стефано Пиоли денеска кажа дека искусниот напаѓач ќе паузира уште некое време.
„Подобар е, добро работи, но нема да биде присутен на утрешниот меч“, кажа Пиоли.
Ибрахимовиќ е надвор од терените од 22 ноември и победата од 3-1 против Наполи, а во само шест натпревари постигна дури 10 голови во првенството.
Милан е лидер во Серија А и ќе се обиде да остане непоразен и утре во дуелот против Јувентус.