Рамос ќе засили гигант во кој навивачите го мразат од дното на душата!?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Серхио Рамос на лето ќе стане слободен фудбалер и тој може да замине слободно во друг гигант, а веќе има опција и да преговара со заинтересираните страни.

Рамос има договор со Реал Мадрид до лето, а капитенот бара 13 милиони евра плата и соработка на две или повеќе години, но шпанскиот тим не сака да му понуди такви услови.

Тоа што е сигурно е дека Реал е во страв дека Рамос ќе го загуби поради интересот од Париз, а денеска се појави шпекулација дека ситуацијата ја следи и Ливерпул.

Јирген Клоп сака да ја засили одбраната затоа што има проблеми со дефанзивците, но интересно ќе биде да се види реакцијата на навивачите, кои го мразат Рамос затоа што го повреди Мохамед Салах во финалето во 2018 година.