Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Францускиот напаѓач Карим Бензема ќе мора да оди на Суд затоа што е обвинет дека бил соучесник во уцена на поранешниот соиграч од репрезентацијата Матје Валбуена.
Бензема бил дел од групата која го уценувала Валбуена, а за ова зборуваше и тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, кој кажа дека го поддржува францускиот напаѓач.
„Јас сум со него. Најважно е што тој е добро и да го игнорира тоа. Максимално е фокусиран на она што го сака, фудбалот и семејството“, кажа Зидан.
Не е познато кога Бензема ќе се појави пред судот, но извесно е дека мора да се пријави на повикот. Поради овој скандал Бензема беше исфрлен од репрезентацијата на Франција и веќе неколку години не е дел од тимот кој го предводи Дешамп