Фудбалерите на Реал Мадрид заглавија во авион: Објавено видео од снежната бура 🎥


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Ѕвездите на Реал Мадрид вчера беа подолго од три часа на аеродромот во Мадрид поради снежна бура.

„Кралевите“ поради временските услови решија порано да заминат на мечот против Осасуна, но не успеаа да ја избегнат снежната бура.

Фудбалерите на Реал Мадрид се качија во авионот, но потоа почнаа проблемите. Пилотот порача дека по такви услови не може да се лета.

Тие заглавија повеќе од три часа на аеродромот. Дури по речиси четири часа се смири ситуацијата, па авионот успеа да полета, а на Твитер беше објавена снимка од снежната бура.