Прашање е на момент кога Гризман во еден од овие четири клуба!

    Француските медиуми вчера пишуваа за Антоан Гризман кој на крајот на оваа сезона може да ја промени средината.

    Многумина сметаат дека Антоан Гризман е спремен за нов предизвик во својата кариера и дека е време да ја промени среедината и да се пресели во еден од најбогатите клубови на светот.

    Конкретно, вчера „Л`Екип“ пишуваше за неговото заминување од Атлетико Мадрид, сметаат дека е прашање на момент кога тоа ќе се случи и дека не се поставува прашањето дали ќе дојде до овој.

    Како потенцијални наредни клубови на Антоан Гризман се наведуваат: Манчестер Јунајтед, Баерн од Минхен, Барселона и Реал Мадрид.

    Покрај овие четири, штедливо се споменува и Јувентус кој може да вмеша прсти во доведувањето на одличниот француски напаѓач.

    Можеби е Гризман најмногу поврзуван со Манчестер Јунајтед во последните неколку месеци, посебно откако во тимот од Олд Трафорд стигна Жозе Мурињо.

    Се зборува и за потенцијална цена за овој напаѓач, сигурно е дека ќе надмине 50 милиони евра бидејќи по многумина овој играч претставувса човек кој ќе конкурира за Златната топка можеби веќе и во оваа година.