Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Артуро Видал беше еден од фудбалерите кои одиграа одличен меч во триумфот на Интер против Јувентус од 2-0.
Видал пред натпреварот направи мал скандал, откако камерите забележаа дека при поздравот со Џорџо Кјелини го бакнал грбот на Јувентус.
По средбата искусниот фудбалер се правдаше дека не сакал воопшто да го направи тоа, туку сакал да го бакне Кјелини.
„Мојата намера не беше да го бакнам грбот на другиот тим. Бакнежот беше знак за чувствата кон мојот брат, кој ми подари фудбал и со кој минав незаборавни години“, се правдаше Чилеанецот.
Видал го носеше дресот на Јувентус во период од 2011 до 2015 година, а тогаш освои голем број трофеи.