Николов откри зошто потпишал за Лече, совет му дал Пандев!

Македонскиот репрезентативец Бобан Николов беше промовиран во тимот на Лече, каде што пристигна од унгарски Мол Види.

Николов доаѓа во Лече и ќе му се приклучи на поранешниот репрезентативец Леонард Жута, па за главна задача ќе има да избори промоција во Серија А со Лече.

Македонскиот фудбалер имал понуда и од Бреша, но се советувал со македонскиот капитен Горан Пандев, по што го избрал Лече.

„Преговарав со Бреша и бев блиску до нивниот тим, но Лече е клуб со долга традиција, играа во Серија А и Серија Б. Проектот е амбициозен и ќе дадам максимум за да се претставам во најдобро можно светло. Преговорите со Лече почнаа пред еден месец, Пандев ми кажа убави работи за екипата“, вели Николов.