До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст ↓↓↓
Дербито на вечерта го одиграа на Кинг Пауер Лестер и Челси, а после 90 минути немаше победник (2:2).
Одличен меч одиграа актуелниот шампион на Англија и поранешниот, а на крајот, после 120 минути борба, Сините избореија пласман понатака, и на некој начин се смири ситуацијата околу Антонио Конте, со кого Роман Абрамович изврши разговор после поразот од Ливерпул.
Оказаки во 17 и 34 минута ја погоди мрежата на Беговиќ, па Лисиците неочекувано лесно дојдоа до сигурна предност.
Во самата завршница на првиот дел Кејхил намали на 2:1. Во петтата минута од продолжението Азпиликуета донесе на Сините израмнување.
До крајот на натпреварот мрежата повеќе не се тресеше, а во завршницата на мечот Василевски е исклучен во домашниот тим.
Со играч повеќе во поле, Челси на почетокот на првото продолжениа постигнува два гола. Јунак на гостите беше искусниот шпански играч за врска Сеск Фабрегтас со два погодоци, а тој беше асистент кај голот на Кејхил.















