Рамос се откажал од парите на ПСЖ и ќе се пресели во Манчестер јунајтед?


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Манчестер јунајтед се вклучи во борбата за потписот на капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, кој наводно се откажал од милионите на ПСЖ.

Рамос долго време се поврзува со неколку екипи затоа што неговиот договор завршува на крајот на сезоната, а засега не може да се договори со Реал Мадрид.

Шпанецот на лето најверојатно ќе го напушти Мадрид како слободен агент, а европските гиганти веќе почнаа борба за неговиот потпис, а главни кандидати се ПСЖ и Манчестер јунајтед.

Јунајтед наскоро ќе има состанок со агентот на Рамос и ќе му понуди двегодишна соработка.