Реал Мадрид му постави ултиматум на Рамос!

Реал Мадрид би можел следното лето да се раздели со својот капитен Серхио Рамос, со кој веќе долго време не може да се договори затоа што фудбалерот има едни барања, а раководството му нуди други услови.

Рамос сака да потпише нов двегодишен договор со плата од 12 милиони евра годишно, но такво нешто „кралевите“ немаат намера да му понудат.

Рамос е разочаран од претходната понуда на претседателот Флорентино Перез, односно едногодишна соработка со помала плата, па поради тоа ќе си ги пакува куферите.

„Кралевите“, наводно, денеска му поставиле ултиматум на капитенот и му порачале дека конечната одлука мора да им ја каже до март. Понудата нема да се менува, па останува да видиме дали Рамос ќе попушти или ќе остане на своите барања.