Серхио Рамос заврши на операција!


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Искусниот дефанзивец и капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос заврши на операција поради проблеми со коленото.

Рамос го повреди менискусот во полуфиналето на шпанскиот Суперкуп поради што мораше да оди на операција.

Се очекуваше одличниот дефанзивец да се врати во тимот за мечот против Хуеска, меѓутоа вчерашниот тренинг покажа дека проблемот е сериозен и мора да се реши.

Рамос го чека пауза од шест до седум недели и сигурно ќе ги пропушти дуелите против Аталанта во Лигата на шампиони.