Рамос: Операцијата беше единствен избор… 🎥


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Шпанскиот дефанивец Серхио Рамос објави видео кое беше наменето за неговите фанови преку социјалните мрежи. Капитенот на Реал Мадрид пред два дена го оперираше коленото затоа што чувстуваше болки долго време.

Рамос ќе мора да паузира од шест до седум недели и ќе пропушти важни натпревари, како и двата дуели против Аталанта во Лигата на шампиони.

Шпанецот преку видеото порача дека негов единствен избор била операција и не можел ништо да направи против тоа.

„Здраво! Рехабилитацијата се одвива според планот, работам на враќање на терените. Ви благодарам за поддршката. Ги послушав советите на докторите. Операцијата беше единствено решение“, кажа Рамос.