Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Откако минатата сезона одигра само пет меча поради повреда, Стеф Кари се врати годинава на свое ниво и игра одлично.
Најдобриот шутер во просек постигнува по 29,6 поени, а тоа е негов најдобар просек уште од сезоната 2015/16, кога вторпат ја освои наградата за МВП.
Иако неговиот Голден Стејт не е моќен како во минатото, Кари ужива на теренот и ги воодушевува љубителите на кошарката.
Минатата ноќ Кари постигна еден кош за паметење, иако не станува збор за тројка, која е негов заштитен знак.